Иднината е во младите луѓе кои ќе градат вештини за вработување

- Advertisement -

Финтек комапнијата СН финансии, која неодамна се пресели во нови простории во кои дизајнира наменски простор за формирање на првиот ХАБ за млади кои сакаат да развиваат иновативни идеи од светот на финтек индустријата, деновиве ги прими првите свои посетители, кои дојдоа преку проектот на СФЕРА Интернешнал, регрантирана за проектот „Зајакнување и вмрежување на НЕЕТ млади“ како дел од мрежата “WB&T for EmploYouth”, финансиран од Европска Унија и имплементиран од Fondacija Ana i Vlade Divac (Serbia), NGO Prima Association Prima (Montenegro), Youth Alliance Krusevo (Macedonia), Albania for Change and Development, Community Volunteers Foundation (Turkey).

Проектот ФИНТЕК ХАБ на СН ФИНАНСИИ – ќе значи и помагање во градењето на вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите, со цел да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд. Целта е што повеќе млади и образовани луѓе да ги задржиме во Македонија.

- Advertisement -

Младите невработени лица се во понеповолна позиција на пазарот на трудот во споредба со другите возрасни категории на граѓани. Најважните причини за младинската невработеност се лошата структура на квалификации (голем број млади луѓе што се неквалификувани или полуквалификувани, Имаме недоследност меѓу потребите на пазарот на трудот и образовниот систем, имаме и една строго изразена потреба на голем број работодавачи за вработување луѓе со претходно работно искуство, што кај на с во СН Финансии е сосем обратно, даваме шанса на млади луѓе кои штотуку ги напуштиле студентските клупи. Затоа, веруваме во таа моќ која младите можат да ја донесат преку развивање на потребните компетенции за професионална кариера и стекнување на дополнителни вештини кои ги бара пазарот на трудот“ истакна Бујар Драла, одговорен во секторот за човечки ресурси во СН финансии.

При оваа посета, произлегоа бројни прашања од младите посетители, кои отворија интересни теми до претставниците од СН финансии.

- Advertisement -

Се чини дека сите познаваме некој кој аплицира на мноштво работни места, но добил повратен одговор само од неколку работодавци.
За жал, ова не е невообичаена појава, но решението е едноставно: преферирајте квалитет, а не квантитет. На крајот на краиштата, вашето време е пари, затоа бидете селективни во позициите за кои аплицирате. Во ред е да преземете неколку ризици одвреме-навреме, но ограничете го бројот на вашите апликации. Наместо тоа, фокусирајте ја својата енергија на пишување персонализирани мотивациони писма, концизни резимеа и испратете ги до компании кои имаат отворени работни позиции за кои сте квалификувани. Секогаш преферирате квалитет, наспроти квантитет
“ беше еден од одговорите кои на нашите гости им остави најголем впечаток.

СН Финансии е компанија која според просекот на вработените е една од најмалдите и најбрзорастечки комапнии во светот на финансиите, во која многумина започнале од информативно интервју до интервју за работа. И тоа е уште еден доказ, дека не сите комапнии исклучиво бараат нови вработени со искуство.

- Advertisement -

„Информативните интервјуа се одлични начини да се поврзете со нови контакти и организации, да се претставите во деловните круогви и да ги спознаете организациските култури на потенцијалните работодавачи . По информативното интервју, не заборавајте да побарате визит-карта и доколку е возможно останете во контакт. Никогаш не се знае, можеби следниот пат кога ќе се сретнете со таа личност да биде токму на интервју за работа“ одговараше Драла на прашањата на присутните.

Нетворкинг настаните за вработување, како саеми се одличен начин на едно место да сретнете голем број на потенцијални работодавачи и да остварите информативни интервјуа. Доколку сте заинтересиани за ваква можност, наскоро од СФЕРА се најавија токму ваков ивент.

Сподели!
- Advertisement -