Препознатливите прстени на Сатурн веројатно се последица од месечината што била распарчена од Земјината гравитација, откриваат научниците.
Истражувањето базирано на податоците од последниот стадиум на мисијата Касини од НАСА, сугерираат дека планетата Сатурн била без прстени речиси за време на вкупното постоење или 4,5 милијарда години. Студијата покажува дека пред 160 милиони години внатрешна месечина залетала блиску до гасниот џин, односно Сатурн што предизвикало да се распадне. По распадот месечина исцртала своја орбита во трага од скршени фрагменти.
Хипотетичката загубена месечина е наречена „Хрисалис“.
„Исто како и пеперутката кога е во фаза на преобразба од млада во возрасна единка и се наоѓа во кукла, сателитот бил заспан и одеднаш станал активен по што се појавиле прстените“, изјавил Џек Виздом, водечкиот автор на студијата.
Тимот на Виздом, првично се обиде зошто Сатурн е наведнат за 27 степени на својата оска. Теоретските модели покажуваат дека навалувањето се должи на тоа што Сатурн бил заробен во гравитациска резонанца заедно со Нептун.
Мисијата Касини кружеше околу Сатурн од 2004 до 2017 година и овозможи да се добијат детали за внатрешната структура на Сатурн и за динамичноста на сите 83 сателити на оваа планета. По овие податоци, отпадна првичната теорија за наваленоста на Сатурн. Новите детали сугерираат дека во одреден момент во минатото Сатурн излeгол надвор од контролата на Нептун.
Ова ги наведе научниците да истражуваат за потенцијални настани што можеби го предизвикале ова. Сценариото за изгубената месечина овозможи неочекувано соодветно вклопување на сите податоци.
„Ние се обидуваме да го објасниме наклонот на Сатурн. Но, откривме дека мора да предложиме дека постоел уште еден сателит за да го објасниме тоа, а подоцна повторно ќе се ослободиме од сателитот“, посочил Виздом.
Ослободувањето од „Хрисалис“ може да го објасни наклонот на Сатурн и постоењето на прстените. Исто така, тоа ќе биде во согласност со мерките на хемиските својства на прстените, што датираат од пред 100 милиони години. Некои научници ја отфрлаат оваа теорија, за нивното формирање пред 160 милиони години, бидејќи не е јасно како би успеале да се материјализираат прстените толку доцна во вселената, на што Виздом вели дека новиот аргумент прилично ја објаснува теоријата.
„Никогаш нема да сме сигурни дали постоел уште еден сателит во системот на Сатурн, но објаснувањето на повеќе сложувалки со една хипотеза е прилично добра инвестиција“, изјавил научник кој работи на истражувањето.
Прстените на Сатурн тежат 15 милиони трилиони килограми и речиси целосно се направени од мраз – 95 отсто од нив е чиста вода, додека другото е камен и метали.