Повеќе од осум месеци поминаа откако еруптираше подводниот вулкан, а научниците уште ги анализираат ефектите од таа силна експлозија. Откриле дека исфрлената топлина може дополнително да ја загрее планетата и дополнително да придонесе за уште поопасни климатски промени.
Неодамна истражувачи пресметаа дека ерупцијата на вулканот Тонга-Хунга Хаапа исфрлила неверојатни 50 тони водена пареа во земјината атмосфера и предупредуваат на последиците од тоа. Таквата масивна количина водена пареа ја зголеми количината на влага во глобалната стратосфера за околу 5% и може да покрене циклус на стратосферско ладење и површинско загревање. Ефектите од тоа може да траат со месеци, според новата студија.
Ерупцијата на Тонга, која почна на 13 февруари и го достигна врвот два дена подоцна, беше најсилната експлозија на планетата во последните децении. Експлозијата се прошири на 260 км и исфрли пепел, пареа и гасови на висина од 20 км, според податоците од американската Национална управа за океани и атмосфера.
Големите вулкански ерупции вообичаено ја ладат планетата со исфрлање на сулфур диоксид, кој го филтрира сончевото зрачење, во горните слоеви на земјината атмосфера. Честичките од камен и пепел исто така може привремено да ја оладат планетата со блокирање на сончевата светлина, покажуваат податоците на американската Универзитетска корпорација за истражување на атмосферата, која е дел од американската Национална научна фондација.
На тој начин широко распространетата и насилна вулканска активност во далечното минато на Земјата можела да придонесе за глобалните климатски промени, предизвикувајќи масовни изумирања со милиони години.
Тонга исфрли отприлика 441.000 тони сулфур диоксид, околу 2% од количината која ја исфрли, на пример, вулканот Пинатубо на Филипините во текот на ерупцијата во 1991 година. Но, за разлика од Пинатуба, вулканот Тонга испушти огромна количина вода во стратосферата.
Во подвнодните вулкани подморските ерупции може да извлечат големи делови од својата експлозивна енергија од интеракцијата на водата и врелата магма, која покренува огромна количина вода и пареа во ерупцијата, велат авторите на новата студија објавена во научното списание Science.
За само 24 часа од ерупцијата облакот се проширил над 28 км во атмосферата. Научниците ја анализирале количината испарена вода проценувајќи ги податоците од собраните инструменти наречени радиосонди, кои биле прицврстени на метеоролошките балони и испратени во облаците од вулканот тонга.
Во новата студија научниците исто така утврдиле дека оваа огромна количина пареа навистина може да ги модифицира хемиските циклуси кои го контролираат стратосферскиот озон, но велат дека потребни се дополнителни детални студии за да бидат сигурни.
(Live Science)
(фото: Flickr)