Во борбата со климатските промени ќе ни помогнат: вештачки дрвја!

- Advertisement -

Еден од најдобрите начини да се бориме со климатските промени е да инвестираме во дрвја и растенија. Гранките и лисјата помагаат да се залови јаглерод диоксидот, ефективно да се намали глобалното загадување во атмосферата. Единствената пречка е во тоа што дрвјата заземаат многу простор и потребни се големи ресурси за да се одгледуваат. Токму затоа научниците се вртат кон алтернативни извори во борбата против климатските промени.

Научници од Германија објавија нова студија за тоа како вештачките растенија можат да ни помогнат да го намалиме загадувањето. Тимот создаде вештачки систем кој го апсорбира јаглерод диоксидот и го превора во производ богат со јаглерод, како алкохолот. Системот потоа го ослободува кислородот во воздухот и ги лови вишокот нуспроизводи на јаглеродот за понатамошна употреба.

- Advertisement -

Всушност, овој вештачки систем е поефективен отколку природните растенија и дрвја. Некои експерти дури веруваат дека оваа нова технологија е 1.000 пати подобра од природната варијанта. Ова е битно затоа што нема доволно простор на планетата Земја за толку дрвја и растенија колку што се потребни за да се исчисти загадувањето. Иако вештачките дрвја може дабидат решението кое го бараме, има еден проблем.

Според The Guardian, цената на вештачките дрвја е многу повисока отколку што може да си дозволат градовите и општините – речиси 250.000 долари. И тоа тоа е само првичната инвестиција. Научниците се надеваат дека во блиска иднина ќе ја намалат цената, но тоа ќе се случи само ако технологијата доволно напредне за да привлече инвеститори.

- Advertisement -

Доколку навистина успеат да ја намалат цената на вештачките дрвја, можеби тоа ќе ни биде спасот во иднина. Сепак, има многу технологии кои се натпреваруваат која е подобра во чистење на загадувањето, па само времето ќе покаже дали вештачките системи се одговорот за овој итен глобален проблем.

Сподели!
- Advertisement -