48-часовниот хакатон Nasa Space Apps Challenge 2022 по 10. пат во Скопје

- Advertisement -

ПАТУВАЊЕ ВО NASA за најдобрите НА НАЦИОНАЛНО И ГЛОБАЛНО НИВО

Викендов Скопје по 10. пат е домаќин на најголемиот хакатон во светот NASA Space Apps Challenge од 30 септември до 2 октомври 2022 година и ќе донесе можност за 2-ца учесници да патуваат во посета на NASA Kennedy Space центарот, во Флорида, САД заедно со нивниот ментор.

- Advertisement -

Официјалното отворање е закажано за утре, петок, во 12:00-14:00 часот во Карпош 2 (Нетавил, ул. Никола Тесла бр.9, Скопје) заедно со претставници од Амбасадата на САД, Презентација на предизвиците од кои ќе можат да изберат за време на хакатонот и бесплатна Подготвителна Работилница за поттикнување на работа во тим, решавање на проблеми и лидерство.

Неповторливо и уникатно искуство, многу нови информација, вештини и знаења, многу нови пријателства, многу дружење и забава!

- Advertisement -

Што е NASA Space Apps Challenge?

„NASA Space Apps Challenge“ е најголемиот хакатон во светот кој истовремено се одржува во дури 162 земји, а учесници се средношколци, студенти и млади претприемачи од целиот свет со познавања и интереси во најразлични области. Се организира од 2012 година од страна на Американската агенција за вселенски истражувања NASA, поконкретно од Директоратот за Научни истражувања за Земјата во соработка со програмата на NASA за апликативни научни истражувања и отворени иновации. Во 2021 година 28.000 учесници креираа над 2.800 проекти решавајќи предизвици со кои се соочуваат Земјата и вселената, а се зададени како теми за натпреварување од страна на експерти на NASA.

- Advertisement -

Целта на натпреварот е да поттикне кај младите интерес и љубов за иновирање и STEM технологии (науката, технологијата, инженерството и математика), а и да развие кај нив значајни вештини како што се решавање проблеми, работа во тим, креативност и мултидисциплинарен пристап. Посебен фокус на натпреварот е вклучување и на девојки, како и учесници од целата земја од различни етнички заедници и со најразлични претходни искуства и вештини.

Тимовите можат да бидат составени од минимум двајца, а максимум шест члена.

ПРЕДИЗВИЦИ ЗА КОИ МОЖЕ ДА СЕ КРЕИРА РЕШЕНИЕ: https://2022.spaceappschallenge.org/challenges/

Од кога и кој го организира во Македонија?

Во Македонија оваа година натпреварот ќе се одржи јубилејно по 10ти пат, а традиционално е во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс, во партнерство со Амбасадата на САД во Скопје, и во соработка со домашни компании, ментори експерти од индустријата, професори и наставници.

Досега над 1500 млади таленти од нашата земја на возраст од 15 до 29 години имаат земено учество, а големо е задоволството што во последниве неколку години дури 40% се девојки. Три наши тимови досега беа прогласени меѓу 40те финалисти на натпреварот во глобална конкуренција од над 2000 тимови што е многу значајно постигнување, и тоа: Тимот Delta во 2017 година, како и тимовите Atom Z и EXCEL-erators во 2020 година.

АГЕНДА И ЛОКАЦИЈА за NASA Space Apps Challenge 2022

Локација за учество ВО ЖИВО: Нетавил (ул. Никола Тесла бр. 9, спроти техничките факултети во Карпош 2, Скопје)

Учество ОНЛАЈН: Учеството во живо е незаборавно искуство и на сите кои се во можност им го препорачуваме, но оние кои нема да можат да дојдат во Скопје ќе можат да ни се придружат онлајн.

30ти септември (петок), 12:00-14:00: ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ И БЕСПЛАТНА ПОДГОТВИТЕЛНА РАБОТИЛНИЦА за сите заинтересирани

– Поздравно обраќање од организаторите и претставник на Амбасадата на САД во Скопје

– Презентација на предизвиците од кои тимовите ќе можат изберат на кој предизвик да работат и одговарање на прашања

– Интерактивни и забавни активности за развивање на вештини како работа во тим, креативност, иновативност, комуникација, лидерство, активно слушање, решавање на проблеми

– Помош на тимовите да се регистрираат и да изберат свое место за работа за време на викендот 

1ви и 2ри октомври (сабота и недела) 9:00-22:00: 48-ЧАСОВЕН ХАКАТОН-НАТПРЕВАРУВАЊЕ ВО РЕШАВАЊЕ НА STEM/SPACE ПРЕДИЗВИЦИ

1ви октомври (сабота) 9:00-22:00:

– Сместување на тимовите и избор на предизвици на кои ќе работат тимовите

– Прегледување на информациите дадени за избраните предизвици

– Распределување на работни задачи во рамки на тимовите со поддршка на ментор

– Индивидуална и групна работа 

2ри октомври (недела) 9:00-22:00:

– Прегледување на дотогаш сработеното и повторно распределување на следни задачи

– Изработка на презентација во power point или изработени скици

– 17:00-20:00 Презентирање на осмисленото решение и сработеното за време на хакатонот (секој тим ќе има вкупно 10 минути од кои 5 мин. за презентација и 5 мин. за одговори на прашања од жирито) 

– 20:00-22:00 ПРОГЛАСУВАЊЕ НА 5 ФИНАЛИСТИ 

– Доделување на Сертификати за сите учеснници и сите ментори

– КОКТЕЛ

4ти октомври (вторник) 13:30-16:00: НАЦИОНАЛНО ФИНАЛЕ

– Презентирање на осмисленото решение и сработеното за време на хакатонот, како и евентуална доработка од страна на 5те финалисти со тоа што сега тимовите ќе имаат по 20 минути од кои 10 мин. за презентација и 10 мин. за одговори на прашања од жирито

– Избор и прогласување на НАЦИОНАЛЕН ПОБЕДНИК (ПРВО МЕСТО)

– Избор и прогласување на Второ и Трето место

– Доделување на награди и дополнителни сертификати за сите финалисти

НАГРАДИ, СЕРТИФИКАТИ И ПРИЗНАНИЈА

– НАЦИОНАЛЕН ПОБЕДНИК: 10 ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ ВО ФЛОРИДА, САД И ПОСЕТА НА NASA KENNEDY SPACE CENTER И ГЛЕДАЊЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА РАКЕТА (за 2 члена со најголемо учество во изработката на победничкото решение се обезбедени авионски карти, сместување за 7 до 10 дена, ексклузивна посета на NASA Kennedy Space центарот во приватна тура, можност за гледање на полетување на ракета на NASA или SpaceX, организирани релевантни средби, локален превоз за официјални активности)

– ЕДУКАТОРИ/НАСТАВНИЦИ/МЕНТОРИ: За прв пат и менторот на националниот победничкиот тим ќе може да отпатува заедно со својот тим во NASA Kennedy Space центарот. Покриени трошоци: Еxecutive ниво на сместување за 7 до 10 дена, Ексклузивна посета на NASA Kennedy Space центарот во приватна тура, можност за гледање на полетување на ракета на NASA или SpaceX, организирани релевантни средби, локален превоз за официјални активности. 

Менторите на сите финалисти ќе добијат и NASA трофеи. Менторите можат да го изразат својот интерес за вклучување преку https://bit.ly/STEMSpaceEducators.

– ФИНАЛИСТИ: Награди и Сертификати, како и можност за учество во експеримент со лансирање на WEATHER BALLONS во Вселената од спортскиот аеродром Стекновец (терминот дополнително ќе се закаже). 

– Дополнително, најдобрите решенија што ќе се креираат во 2022 година ќе се прилагодат за да можат во иднина да бидат користени и од страна на македонските основни и средни училишта како едукативен материјал кој ќе има за цел да ја поттикне љубовта кон STEM дисциплините кај помладите генерации.

ЛИНКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И КОНТАКТИ:

НАСТАВНИЦИ/ПРОФЕСОРИ/МЕНТОРИ: https://bit.ly/STEMSpaceEducators

УЧЕСНИЦИ/ТИМОВИ: https://bit.ly/NASASpaceAppsMKD и https://2022.spaceappschallenge.org/locations/skopje/event

Повеќе информации на https://www.facebook.com/NASASpaceAppsMKD 

Сподели!
- Advertisement -