Првиот нуклеарен фузиски реактор во светот ќе биде отворен во Велика Британија до 2040 година

- Advertisement -

Владата на Велика Британија ги објави своите амбициозни планови да го дизајнира првиот комерцијален нуклеарен фузиски реактор до 2040 година. Кога ќе биде завршен, реакторот ќе биде изграден во Вест Бартон, Нотингхемшир.

Оваа најава следува откако секретарот за бизнис на Велика Британија, Џејкоб Рис Мог, ја откри локацијата на рекаторот на конференција во понеделникот. Реакторот ќе биде првиот таков во светот, а во теорија треба да биде бесконечен извор на чиста енергија, која ќе се пушта во електричната мрежа.

- Advertisement -

Ако проектот се покаже успешен, ќе му докаже на светот дека фузиската енергија е уште една можна алтернатива за фосилните горива. Владата на Велика Британија инвестираше 252 милиони евра во проектот. Освен тоа, реакторот ќе биде изграден на местото на фабрика која корист јаглен.

Кога ќе биде комплетиран, проектот се очекува да чини околу 11,46 милијарди евра, но како што се докажало досега, јавно финансираните проекти од вакви размери ретко кога не го надминуваат предвидениот буџет.

- Advertisement -

Владата вели дека овој проект треба да привлече повеќе високотехнолошки компании во Велика Британија и да генерира илјадници работни места за обучени работници. Тендерот се очекува да биде распишан во декември годинава, а владата почна да бара партнер за изградба уште во април.

Теоретски, нуклеарната фузија може да произведе околу 4 милиони пати повеќе енергија од јагленот, нафтата или гасот, а притоа нема емисија на стакленички гасови. Но, една таква функционална комерцијална фабрика би морала да надмине неколку логистички предизвици, од кои еден е како да се загреат огромни количини гас на температура од 100 милиони степени Целзиусови.

- Advertisement -

Од Меѓународната фондација за енергија предупредуваат дека развојот на таков комерцијален реактор може да биде вистински предизвик и да чини многу пари.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -