Германски студенти границата на забрзување од 0 до 100 км/ч ја спуштија под неверојатни 1,5 секунди. Нивниот болид достигнал 100 км на час за 1,416 секунди. Наспрема него ултрабрзата Nevera на Мате Римац е “бавна” со своите 1,8 секунди. Со оваа брзина болидот на германските студенти го заслужи Гинисовиот рекорд. .
На болидот работеле 20 студенти од Универзитетот Штутгарт, обединети во тимот наречен GreenTeam. Тие успеаја да направат ц Космо електричен тркачки болид со едно седиште и го тестираат во истражувачкиот камп на Bosch во Ренинген. Споменатиот рекорд бил направен на 6 октомври.
Болидот е речиси целосно направен од карбонски влакна и има помалку од 145 кг. Во комбинација со електричниот погон од 241 коњски сили и погон на сите тркала, ова мало карбонски возило е способно за оптоварување на возачот од 2,5G. За споредба, болидите на F1 забрзуваат до 2G оптоварување на возачот.
(The Drive)
(фото: Green Team Uni Stuttgart )