Научници со помош на компјутерски алгоритам успеака да откријат колкав е ризикот од прелевање на нови патогени од високиот Арктик на нови видови и со тоа и колкав е ризикот од можни нови пандемии од тој регион.
Бидејќи светот се загрева како последица на климатските промени и продолжува топењето на глечерите, Арктикот наскоро би можел да стане плодно тло за нови вирусни пандемии. Во новата студија научниците го проучувале тлото и езерски седименти од езерото Хејзен, најголемото езеро по волумен северно од Арктичкиот круг. Со секвенцирање на сегменти од ДНК и РНК пронајдени во тлото научниците настојувале да идентификуваат група вируси присутни во таа околина.
Користејќи компјутерски алгоритам за контекстуализирање на вирусите од животински, растителни и габични домаќини присутни во тоа подрачје тимот успеал да открие ризик од прелевање на вирусите, односно способност на вирусите да преминат на нови видови домаќини и да продолжат да се шират, како што направи вирусот САРС-КоВ-2 од популацијата на диви животни на луѓето.
Ризикот од прелевање се зголемува со топењето на глечерите. Ако климатските промени исто така го зголемат распонот на потенцијални вирусни вектори и резервоари кон север, високиот Арктик би можел да стане плодно тло за нови пандемии, пишуваат научниците во новата студија објавена во научното списание Proceedings of the Royal Society B: Biological Sciences.
(Science Alert)
(фото: Pxhere)