Преку холограм презентиран накит од минатото во Музеј на Македонија

- Advertisement -

Во Музејот на Македонија од вчера е отворена изложбата „Светлината на накитот низ вековите”, каде посетителите имаат можност да видат презентација на предмети од минатото, со посебен фокус на накитот, преку примена на новите технологии – холограми.

Фокусот е ставен на женски и машки накит од 19 век, поточно ѓердани, игли за коса, обетки. Уметницата Марија Милошевска, која е реализатор на изложбата, изјави дека целта е да се презентира еден поинаков начин на промоција на артефакти кои не секогаш сме во можност да ги видиме или пак да ги презентираме надвор од границите на државата.

- Advertisement -

-Накитот е едно големо благо кое го има во изобилие во нашата материјална култура. Неговата бројка е огромна, а ова е само мал дел од колекцијата, рече Милошевска. Проектот е од областа на музејската дејност и заштита на нематеријалното културно наследство за 2022 година, а го реализира Здружението за унапредување на социјалните политики, образованието, културата и уметноста Доминиум културно јадро. Поддржан е од Министерството за култура.

Изложбата „Светлината на накитот низ вековите” ќе биде отворена до следната недела.

Сподели!
- Advertisement -