Coca-Cola продолжува со своите креативни иновации за збогатување на празничните искуства и зближување на пријателите и семејството
Брендот за безалкохолни пијалоци Coca-Cola ги користи своите иконични шишиња за да ги зближи семејствата во Индија по повод празникот Дивали – фестивал на светлината што го почитуваат Хиндусите, Сиките и Џаинистите.
За разлика од стандардните шишиња Кока-Кола, пијалоците кои се дел од специјалното празнично издание имаат брава со овозможен Bluetooth на горниот дел од шишето, каде што капачето е покриено со црвена пластична обвивка.
Бравите се обезбедени со телефонот на оној кој го подарува пијалокот, а оние што ќе го добијат шишето ќе можат да го отворат само кога лично ќе го посетат подарувачот. Кога шишињата се во домет на телефонот на подарувачот, заштитните брави ќе се отворат и луѓето ќе можат да наздрават со Кока-Кола!
На бравата стои пораката: „Оваа заклучена Kока-Kола ќе се отвори само со најблиските“.
Идејата за користење на шише Kока-Kола како покана ја реализираше креативната агенција Ogilvy India.
Извор – Маркетинг 365