Агриоволтаика или праксата на користење на земјиштето за соларна енергија и за производство на земјоделски култури е во подем во Франција. Во регионот От-Саоне во североисточниот дел од земјата се спроведува експеримент од страна на компанијата за соларна енергија TSE. Целта е да откријат дали соларната енергија може да се генерира без да се уништат посевите на житарки под нив.
Претходните обиди да се експериментира со агроволтаици биле со помали размери. Но, бидејќи сакаат да ги видат ефектите на индустриско ниво, се поставуваат 5.500 соларни панели над цела фарма во градот Аманс.
Ако експериментот биде успешен, ова ќе биде револуционерно откритие не само за секторот земјоделство, туку и за индустријата за соларни панели. Друга цел на проектот е да се задоволат потребите на Франција за обновлива енергија без да се уништува земјоделско земјиште за тоа, велат од TSE.
Оттаму објаснуваат дека сакаат на фармерите да им овозможат да продолжат да произведуваат храна додека истовремено се прави сенка за да се заштитат посевите од климатските промени како што се сушите и премногу топлото време во текот на летото.
TSE e еден од најголемите производители на соларна енергија во Франција. Од компанијата велат дека соларните панели во нивниот експеримент ќе можат да произведат 2,5 мегавати струја, што е еднакво ан струјата што ја трошат 1.350 луѓе. Се очекува соларните панели од експериментот да бидат поврзани на елетричната мрежа на почетокот на декември годинава.
(Euro News)
(фото: Wikimedia)