Оваа компанија ги рециклира старите автомобилски гуми и ги претвора во мастило, килими и делови за кола

- Advertisement -

Оваа компанија ги рециклира старите автомобилски гуми и наместо да завршат на депонија, ги преработува и од нив прави мастило, килими и делови за автомобили. Ако се има предвид дека секоја година 1,5 милијарди гуми се фрлаат и се спалуваат, ова е одлична идеја за реупотреба на евтини ресурси.

Освен тоа, на тој начин се заштитува природата затоа што со спалувањето на гумите се испуптаат отровни гасови. Компанијата Black Bear Carbon ги загрева старите гуми и од стопената гума прави пелети кои содржат нешто што се вика black carbon. Тоа е супстанција која се среќава секаде – од мастилото во пенкалата до копчињата на тастатурата на вашиот лаптоп. Пелетите потоа се испраќаат до производители на други предмети. Останатите 60% од гумите се претвораат во нафта и во гас. Тие, пак, се претвораат во енергија, која се користи за напојување на целиот процес. Тоа значи дека Black Bear Carbon има негативен карбонски отпечаток.

- Advertisement -

Компанијата сака сите стари гуми во светот да бидат претворени во нешто корисно. Нејзината фабрика во Холандија може да преработи 1 милиони гуми годишно, а 800 други такви фабрики би можеле да ги преработат сите гуми кои се фрлаат годишно. Со тоа би се заштедило испуштање на иста количина јаглерод диоксид колку што би се исчистило со садење на 1 милијарда дрвја. Исто така, би се намалила консумацијата на нафта за 215 милиони барели годишно.

Оваа иновација оди во прилог и на глобалната циркуларна економија, каде што отпадот се реупотребува и се претвора во корисни производи.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -