Откако пред две недеи Илон Маск и офоцијално го презеде Twitter, работите на социјалната мрежа и внатре во компанијата целосно се сменија. Еден од првите чекори на Маск кога презеде контрола над компанијата беше отпуштањето на главите директори и речиси половина од вработените, Како што појасни тој, тоа било неопходно затоа што Twitter губи пари.
Но, вработените кои имаа среќа и останаа во компанијата добија уште едно изненадување од Маск – во своето прво обраќање на вработените, Маск истакна дека не може да се исклучи можноста за банкрот на компанијата.
Тој во имејлот што го испратил до сите вработени напишал дека Twitter нема да може да ги преживее претстојните економски проблеми ако не ги зголеми приходите од претплата и така да ја надомести загубата од огласување.
Американските медиуми пренесуваат и дека компанијата може да изгуби милијарда долари во текот на идната година. Да потсетиме, после промените во сопственоста, комапнијатаб се наоѓа во минус од 13 милијарди долари, а само каматите во текот на идната година ќе се искачат на 1,2 милијарди долари.
Сите тие променви предизвикаа негодување на одлучувачите, па некои одлучија да го сопрат огласувањет на платформата додека не сфатат во кој правец планира да се движи Маск.
(Reuters)
(фото: newsprima.it)