Oдобрени нови задолжувања во ММФ и Светска банка

- Advertisement -

Собранието денеска го усвои Предлог-законот со кој на Македонија ќе и стојат на располагање 530 милиони евра средства од Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ, како и уште 20 милиони евра според усвоениот Закон за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии.

Законот предвидува РСМ да има пристап до 530 милиони евра, од кои до крајот на годината треба да се повлечат 110 милиони евра, а наредната 155 милиони евра. Тие се за справување со последиците од енергетската криза и поддршка на граѓаните и стопанството во претстојната зима.

- Advertisement -

Според министерот за финансии Фатмир Бесими, Инструментот за претпазливост и ликвидност е воспоставен во 2011 година и е наменет за земјите членки на Меѓународниот монетарен фонд, со здрави основи и политики и докажана практика за имплементација, кои во даден момент може да имаат и потреба од финансирање заради одредени ризици.
Одборот на ММФ средствата треба да ги одобри до крајот на овој месец и е предвидено да се користат во наредните 24 месеци. Рокот на отплата на средствата што ќе се повлечат е утврден на три години и три месеци од повлекување на износот од средствата. Каматната стапка по која се обезбедуваат средствата во овој момент изнесува од 3,66 до 4,66 %.

Сподели!
- Advertisement -