Речиси половина од светската популација или 3,5 милијарди луѓе имаат некакви болести на усната шуплина, а најголем дел од нив живеат во земји со ниски и средни примања, објави вчера Светската здравствена организација.
Најчестата болест на усната шуплина е кариес, а потоа следуваат тешки болести на непцата, губење заби и рак на усната шуплина. Карисеот не го лекуваат дури 2,5 милијарди луѓе, покажуваат податоците на оваа агенција на ОН.
Околу 380.000 нови случаи на рак на усната шуплина се дијагностицираат секоај година, наведуваат од СЗО. Како две главни причини да високата стапка на болести на усната шуплина СЗО ги наведува тоа што здравственото осигурување не покрива лекување на забите, како и недостапноста на високо специјализирана опрема за дентална хигиена во примарната здравствена заштота, особено во сиромашните земји.
Оралната хигиена долго се занемарува во рамките на глобалното здравје, но многу болести на усната шуплина може да се спречат, вели генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејесус.
СЗО смета дека дел од решението е во земјите да се вклучи праведна здравствена грижа за усната шуплина во програмите за национално планирање и уралното здравје да се вклучи во моделите за примарна здравствена заштита.
Меѓу мерките кои ги предлагаат на владите е подобрување на достапноста на пастата за заби со флуорид по пристапна цена за сите.
(Bizlife)
(фото: Flickr)