Поради најпопуларните видеоигри во светот се распаѓаат и бракови

- Advertisement -

Зависноста од дроги, алкохол и коцкање со години е една од најчестите причини за оддалечување на брачните партнери еден од друг и развод, а дигиталната доба во која живееме донесе нови проблеми и нови зависности. Се повеќе луѓе се зависни од социјални мрежи, интернет-порнографија и видеигри, а според податоците на британската компанија Divorce Online, која нуди услуги во бракоразводни парници, една од причините за распаѓање на браковите годинава е играта Fortnite, пишува  Zimo.

За играта која ги залуде младите и старите генерации гејмери се пишува често и се чини дека дел од тие 125 милиони корисници кои се борат за опстанок на виртуелниот остров станале толку зависни од играта што посветуваат повеќе време и внимание на играта отколку на брачните партнери.

- Advertisement -

Од повеќе од 4.600 барања за развод на брак кои обработила британската компанија, околу 5% се поврзани со претерано играње видеоигри, при што најчесто се споменува играта Овие податоци се за Велика Бротанија, но со оглед на популарноста на играта и бројните зависници од неа, не е тешко да се заклучи дека Fortnite може да биде причина за развод и во други земји.

Fortnite стана толку популарна што денес тодителите наместо часови по математика и физика, на децата им плаќаат инструктори за таа игра, а децата кои не сакаат да ги прекинуваат онлајн борбите уринираат во кревет наместо да одат во веце и да ризикуваат виртуелно убиство.

- Advertisement -

За популарноста на Fortnite, освен бројните познати лица кои уживаат во таа игра и е достапна на сите платформи, помогна и фактот што играта, односно нејзината верзија Battle Royale е целосно бесплатна. Сепак, благодарение на сите податоци кои се купуваат во играта, а ги купуваат 70% од гејмерите, компанијата Epic Games заработува стотина милиони долари.

Јасно е дека кога некоја игра е толу „заразна“ тешко е да се прекине да се игра и да се вратите во реалниот свет, но и без тие објавени податоци за разводите во Велика Британија, на сите им е јасно дека луѓето поради трошење време на гаџети и видеигри можат да го уништет она што им е најважно – односите со вистинските луѓе!

Сподели!
- Advertisement -