Спасителите на плажите и базените имаат клучна улога во спасувањето на луѓето од давење, но понекогаш им е тешко да ги држат сите пливачи на видик, а на многу места воопшто нема спасители. Научници од австралискиот Универзитет Мекари направија експериментален преносен уред наречен APPTRAKK, кој е дизајниран да испрати предупредување ако се дави тој што го носи, како што можете да видите од видеото во прилог.
Гаџетот, чиј прототип има прилично гломазна форма, се носи на рака како часовник. Тој вклучува сензори кои го следат отчукувањето на срцето, заситеноста на крвта со кислород и движењето, заедно со длабочината на која моментално се наоѓа и времето кое тој што го носи е на одредено место.
Ако сензорскиот систем покаже дека тој што го носи е во опасност од давење, модулот за Wi-Fi излегува од уредот и испливува на површина. Оттаму испраќа сигнал до апликација на спарен смартфон или таблет на спасител и на некоја друга личност која е со пливачот. На смартфонот или таблетот се појавува аларм и се прикаѓува локацијата на пливачот.
Во зависност од возраста и кондицијата, бројот на отчукувања на срцето и сл. кои укажуваат на тоа дека некој се дави, системот може да се прилагоди на разни профили на личности. Тоа значи дека апликацијата може да се користи за рачно програмирање на вредностите за сите мерки под или над кои ќе се огласува алармот.
Студијата неодамна беше објавена во списанието Sensors.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)