Полнењето на електричните формули е еден од најмалку возбудливите делови од Формула Е, но од организацијата FIA мислат дека можат и тој дел да го направат полесен. Имено, Формула Е идната година ќе ја испроба Attack Charge, односно стопирање и полнење од 30 секунди во текот на некои трки. Новата батериска технологија на автомобилите ќе им даде 4 kWh енергија од 30 секунди сесија благодарение на бустерот од 600 kW.
Брзото полнење е поврзано за Gen3 автомобилите, кои дебитираат во новата сезона. Претстојната сезона, исто така, носи и темелни промени во форматот на натпреварување. Трките сега се одвиваат во одреден број кругови, наместо во фиксно време. Ако има безбедни автомобили и полни жолти патеки, организаторите ќе додадат повече кругови. Тимовите, исто така, ќе мора да направат најмалку две сесии тренинг со возачи почетници за да им помогнат да ги искусат електричните автомобили.
Во деветтата сезона и Gen3 ќе бидат лансирани во Мексико Сити во текот на февруари идната година. Прерано е да се каже дали Attack Charge ќе ги подобри трките во реални услови, меѓутоа, ова може да укаже на тоа каква ќе биде иднината на патничките електрични возила.
(Vidi.hr)
(фото: Formula E)