Италијанско гратче дава 30.000 евра ако се преселите таму

- Advertisement -

Градовите низ Италја последните години како да се натрпеваруваат меѓусебе со програмите за оживување на економијата и привлекување нови жители. Од куќи кои се продаваат по 1 долар до куќи кои се спремни за вселување по ниски цени и субвенции до властите, има жестока конкуренција.

Последниот во низата градови кои нудат екстра поволни услови за сите кои ќе се пореселат таму е гратчето Пресиче во сончевиот регион Пулје. Оттаму велат дека на луѓето ќе им платат до 30.000 евра за да купат празен стан и да се преселат таму.

- Advertisement -

Или уште подобро – можете да купите куќа по 25.000 евра. Како и другите евтини недвижности на распродажба ширум Италија, првобитните сопственици одамна ги напуштиле тие куќи.

Како дополнителен бонус за купување куќа или стан се наведува локацијата, која е неверојатна. Опкружени со природата на областа Саленто, на дното на италијанската чизма и близу бели плажи и тиркизно чисти води на Санта Марија де Леука.

- Advertisement -

Властте на Пресиче се надеваат дека понудата за парични субвенции ќе вдахне живот во нивниот иселен град, каде што секоја година има се помалку новороденчиња.

„Има многу празни куќи во историскиот центар, кои се изградени пред 1991 година, кои би сакале повторно да ги видиме оживеани со нови сопственици. Штета е што сведочиме како нашите стари квартови полни со историја, преубава архитектура и уметност полека се празнат“ вели локалното население.

- Advertisement -

Деталите на оваа примамлива природа моменталноо се додефинираа, но властите се спремни да почнат со примање апликации во наредните неколку недели, која информациите ќе бидат досѕапни на веб страницата на градската општина.

За да учестуваат во проектот луѓето мора да поднесат барање да купат еден од становите во градот, кои се посебно обележани од градските власти и изградени пред 1991 година. Цените на куќите почнуваат од 500 евра по квадрат, што значи дека секоја од куќите може да се купи за помалку пари од субвенциите што им се нудат. Како што велат властите, 25.000 евра треба да се доволно за да се купи стан и да се поправи.

Гратчето моментално има околу 9.000 жители, а половина од нив живеат во градскиот центар.

(Bizlife)

(фото: Public Domain Pictures)

Сподели!
- Advertisement -