НАСА успеа да добие кислород кој може да се дише од воздухот на Марс

- Advertisement -

НАСА успеа да екстрахира кислород за дишење од тенкиот воздух на Марс. Уредот кој го користеле дестилирал 5 грама чист кислород од јаглерод диоксидот кој сочинува 95% од атмосферата на Марс.

Уредот користел електролиза за да ги издвои атомите на кислородот од CO2 при екстремно високи температури. 5грама кислород се доволни за еден астронаут да може да дише 10 минути.

- Advertisement -

Ова е прв пат да се екстрахира ресурс од друга планета кој може да го користи човекот и може да биде првиот чекор напред кон човечки мисии на Марс. На астронаутите ќе им треба кислород за да ја истражуваат Црвената планета, како и за да се вратат дома.

Машината за производство на кислород е дел од роверот Perseverance, кој пристигна на Марс во февруари годинава после патување од 500 милиони км, кое траеше над 7 месеци. Неговата главна мисија е да пронајде фосилизирани знаци на живот во коритото на поранешна река.

- Advertisement -

Машината за производство на кислород ќе биде активирана уште 9 пати во текот на наредните 2 години и ќе дестилира кислород во различни услови.

(World Economic Forum)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -