Limak Skopje Luxury Hotel ја носи автентичната храна и музика од Босфорот во центарот на Скопје

- Advertisement -

Од 30. ноември до 3. декември 2022 година, Limak Skopje Luxury Hotel ќе биде домаќин на исклучително интересен настан наречен „Автентичниот вкус на турската кујна“, чија амбиција е преку спој од оригинални гастрономски специјалитети и традиционална музика, да се пренесе оригиналната атмосфера на Босфорот овде, во центарот на Скопје.

- Advertisement -

За автентичноста на настанот ќе се погрижат врвни готвачи кои за оваа прилика специјално ќе допатуваат од Турција. Тие ќе подготвуваат разновидни турски специјалитети по традиционални рецепти и состојки кои потекнуваат директно од Анадолија, Кападокија и централна Турција.

Гостите на настанот ќе можат да пробаат различни традиционални предјадења, како што се мезиња, ќофтиња, хумус, имам бајалди и салати, како што е познатата хајдари крем салата со традиционално сирење и шакшука – салата од модар патлиџан, пиперка и домат.

- Advertisement -

Од главните јадења ќе бидат понудени: зачинето јагнешко (кавурма), пилав, булгур, мантии со јагнешко месо, супа од леќа, пиде, лахмаџун, печено јагнешко и телешко месо, пилешко на скара, полнети модри патлиџани со телешко месо (карнијарик) и други специјалитети, а трпезата ќе биде збогатена и со голем број традиционални десерти како што се: баклава, кадаиф, шеќерпаре, сутлијач и други.

За да се долови вистинската атмосфера на Босфорот, храната ќе се послужува во автентични садови, со традиционални декорации и изглед, а настанот ќе биде збогатен со турски чалгии во живо.

- Advertisement -

Во периодот од 30.11.2022 до 3.12.2022, настанот „Автентичниот вкус на турската кујна“ ќе се одржува секој ден од 19 до 22 часот.

Повеќе информации и резервации може да се добијат во хотелот.

Сподели!
- Advertisement -