ВИДЕО: Европа основа нова Баухаус академија за одржливо и еколошко градење

- Advertisement -

Европа лансира ново Баухаус движење, кое овојпат е фокусирано на одржливост. Баухаус е училиште за дизајн во Германија, основано во 1910-тите години. Училиштето се базирало на соработка меѓу архитекти, скулптори и уметници, а целта била да се внесе елеганција во дизајнот со истовремено задржување на функционалноста и корисноста.

Преку масовното производство Баухаус оттогаш досега има влијание врз градбите, мебелот и графичкиот дизајн.

- Advertisement -

Сега ЕУ најави дека ќе отвора нова Европска Баухаус академија, која ќе ги обедини науките, технологијата, уметноста и културата со цел во нашите секојдневни животи да се всадат принципите на Европскиот зелен нов договор. Зелениот нов договор е стратегија на ЕУ за достигнување климатска неутралност до 2050 година.

Првото Баухаус движење ги истражувало новите форми од бетон и челик, а новото Баухаус движење ќе користи природни материјали како граѓа и ќе се базира на три клучни вредности: одржливост, стил и пристапност за сите.

- Advertisement -

Ваквите движења се неопходни за да осигураме чиста и безбедна иднина за сите. Индустријата за производство на цемент е одговорна за 8% од глобалната емисија на стакленички гасови, додека граѓата дејствува како апсорбент на СО2 и го заклучува јаглеродот во дрвото. Со тоа емисијата на стакленички гасови од градежништвото ќе се намали за дури 40%.

Од друга страна, одгледувањето на посебни дрвја за граѓа ќе стави крај на несовесното сечење на шумите во Европа, кои заедно апсорбираат 9% од емисијата на стакленички гасови.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -