Астронаутите на НАСА повторно учат како да одат по површината на Месечината, но јасно е дека тоа моментално не го прават на Месечината, туку на Земјата. Поточно, длабоко во пустината на американската сојузна држава Аризона.
Во првата половина на ноември ракетата SLS на НАСА без екипаж беше лансирана во орбитата на Месечината, а станува збор за прва од многу мисии во програмата Artemis на НАСА чија цел е повторно враќање на човештвото на Месечината.
Истовремено, направени се и две операции базирани на Земјата. Тоа се EVA (Extravehicular Activity) – JETT3 и програмата во пустински истражувања и технолошки студии D-RATS). И двете се осмислени да ги реплицираат аспектите на идните слетувања на Месечината и да им помогнат на инженерите на НАСа да дизајнираат технологија, протоколи и алатки кои на астронаутите ќе им овозможат да се занимаваат со научни истражувања на површината на Месечината.
JETT3 ја имитира планираната мисија Artemis III закажана за 2025 година, чија цел е слетување на јужниот пол на Месечината, каде што астронаутите ќе се соочат со тешки услови на осветлување. Тимот работел ноќе, користејчи огромна опрема за осветлување за имитирање на светлината на сонцеето. Новите технологии за вселенски костуми и алатки се користени во текот на тие симулирани прошетки по Месечината, тестирајќи ја способноста на астронаутите да изведуваат деолошки работи на тежок терен.
D-RATS, од друга страна, ја тестирала технологијата на роверите под притисок кој на астронаутите ќе им овозможи истражување на пошироко подрачје на Месечината.
(New Scientist)
(фото: Pexels)