Twitter сега овозможува аудио објави

- Advertisement -

„Твитувањето“ се менува – од Twitter порачаа дека се одлучиле на нова опција затоа што корисниците повеќе сакаат усно да комуницираат еден со друг отколку писмено. Така, корисниците на оваа социјална мрежа сега ќе бидат во можност да ги преслушуваат нивните следбеници.

Идејата е да се даде повеќе простор за комуникација меѓу корисниците затоа што моментално може да се искористат максимум 280 карактери во текстуална форма. „Понекогаш 280 карактери не се доволно, а понекогаш доаѓа и до недоразбирање при комуникацијата поради тоа“ велат од Twitter.

- Advertisement -

Траењето на аудио записите ќе биде до 140 секунди. Ваквиот начин на „твитање“ моментално е достапен само за корисниците на Apple уреди. За поголем број корисници ова „аудиотвитање“ ќе биде достапно во текот на наредните недели.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -