Вива Магента е боја на 2023 година. Се работи за нова нијанса на црвена боја која експертите од компанијата Пантон сметаат дека „е неконвенционална нијанса за неконвенционални времиња“.
„Бојата на годината за 2023 е силна и дава моќ. Се работи за анимирана црвена која се открива во целосна радост, охрабрува експериментирање и самоизразување без граници. Електрична и безгранична нијанса која се манифестира како став. Вива Магента ги повикува сите кои го имаат истиот животен порив и бунтовнички дух. Се работи за боја која е дрска, исполнета со мудрост и инклузивна“, велат од компанијата.
Нијансата беше избрана од експертите кои ги следат трендовите во модата и дизајнот, а потоа преку алатка која користи вештачка интелигенција создале нешто што според Пантон означува „бескраен нов екосистем кој треба да се истражи – наречен Магентаверзум“.
Бојата на годината за 2023 беше промовирана во уметнички простор во Мајами, а покрај неа беше отворена и изложбата „Магнетаверзум“ каде се прикажува технолошки експериментална уметност во славење на бојата на годината на Пантон.
Пантон веќе 24 години прогласува боја на годината. Нивниот избор влијае врз развој на производите во голем број индустрии, од модата и декорирање на домот, преку индустрискиот и графичкиот дизајн.
Бојата на 2022 беше наречена „Вери Пери“ и беше прв пат компанијата да произведе целосно нова боја, наместо да го направи изборот од нивната постоечка архива на бои.
Извор- Радио МОФ