Неуронаучници пронајдоа рецептор во мозокот кој е одговорен за негативното расположение кај луѓето

- Advertisement -

Негативното расположение може да биде последица на хронично насобран стрес и бихејвиоралното влијание на околината врз нас и обратно. Тоа се поврзува со појавата на депресија, тешкотии, агресија, ниска самодоверба, психолошки стрес и намалена желба за секс, додека кај некои поединци негативното расположение може да доведе до зголемување на желбата за секс.

Битното прашање што се наметнува тука е што го предизвикува тоа негативно расположение во нашиот мозок? Научници неодамна пронајдоа одговор на тоа прашање, а резултатите од нивните истражувања може да поттикнат создавање нови лекови против лошо расположение.

- Advertisement -

Повеќе истражувања досега негативното расположение го припишуваа на хемиската нерамнотежа во мозокот, но можните причини за таа нерамнотежа се многубројни, вклучувајќи ги генетските предиспозиции, стресните настани во животот, користењето разни лекови и други проблеми од медицинска природа. Меѓутоа, тим од научници од Универзитетот на Сиднеј, Институтот Колинг заедно со научници од Франција, Канада и Унгарија открија рецептор во мозокот за кој веруваат дека е поврзан со негативното расположение кај луѓето.

Рецепторот е голем колку зрно грашок, а се наоѓа во централниот дел од мозокот. Научниците сметаат дека тој рецептор игра клучна улога во регулирањето на негативното расположение. Иако научниците уште не ја разбираат докрај функцијата на делот од мозокот каде што се наоѓа рецепторот, сметаат дека е поврзана со негативните емоционални состојби.

- Advertisement -

Рецепторите ја насочуваат работата на моокот и моментално се фокус на околу 40% од лековите на пазарот. Откритието на овој рецептор и неговата улога во управувањето со влијанието на негативните искуства значи дека има голем потенцијал новооткриениот рецептор во иднина да стане мета на лекови за регулирање на расположението.

Проблемот со психијатриските лекови е што не се специфични, односно влијаат на целиот мозок. Ова откритите има потенцијал за создавање многу попрецизни лекови со многу помалку нуспојави.

Сподели!
- Advertisement -