Јапонскиот милијардер Маезава откри дека K-поп ѕвездата TOP и диџеј Стив Аоки ќе бидат едни од осумте патници кои со него ќе заминат на патување до Месечината со една од ракетите на SpaceX на Илон Маск.
Маезава ги купи сите места за првото патување на SpaceX до Месечината, кое се подготвува од 2018 година досега и кое ќе следува после неговото патувања со вселенското летало Sojuz до Меѓународната вселенска станица во времетраење од 12 дена, кое се случи минатата година.
Изборот на сопатниците Маезава го објави на Twitter и на веб-страницата #dearMoon Project. Модниот тајкун и неговите сопатници ќе станат првите патници со SpaceX покрај Месечината, додека комерцијалните компании како Blue Origin на Џеф Безос влегуваат во нова доба од вселенските патувања за погаташи.
Мисијата на леталото Starship на SpaceX треба да трае 8 дена од лансирањето до враќањето на Земјата, вклучувајќи три дена кружење околу Месечината на околу 200 км од површината на земјиниот сателит.
Иако летот беше планиран за 2023 година, се соочува со одложување поради тестирањето на леталото и ракетите.
Маезава ја користел страницата за микроблогирање за да ги избере осумтемина патници од целиот свет кои ќе му се придружат на патувањето до Месечината, а откри дека за оваа прилика се пријавиле милион луѓе. .
TOP, уметничко име за Чои Сеунг Хјуна, се проби со K-поп групата Big Bang, и е еден од избраните патници, заедно со Аоки, односно јапонско-американскиот музиќат и диџеј чиј татко е основач на синџирот ресторани Benihan.
Индискиот актер Дев Јоши исто така е меѓу избраните осумтемина патници, кои главно се уметници и фотографи. Американската олимпијка Кејтлин Фарингтон и јапонската танчерка Мију се резервни патници.
Маезава го стекна своето богатство со основањето на интернет-продавницата за мода Zozo Inc 3092.
(Zimo)
(фото: Flickr)