Зошто сите Корејци наскоро ќе бидат една година помлади?

- Advertisement -


Колку години имаш? е едноставно прашање, но за луѓето во Јужна Кореја одговорот не е воопшто едноставен. Кога ќе се роди бебе во Јужна Кореја се смета дека е старо една година. Кога ќе дојде Нова година на неговата возраст се додава уште една година. Тоа значи дека бебе родено во декември ќе се смета дека има две години кога ќе има само неколку недели.

Но, наскоро може да му дојде крајот на тој корејски начин на сметање на возраста затоа што новоизбраниот претседател на земјата Јун Сук-јеол сака да се укине овој со векови стар метод.

- Advertisement -

Ли Јонг-хо, раководителот на претседателскиот комитет, изјави дека новата администрација сака да го стандардизира начинот на кој што се смета возраста со цел Јужна Кореја да се приклучи на остатокот од светот.

Како што додаваат од комитетот, рзличниот начин на сметање на возраста постојано предизвикувал забуни и непотребни општествени и економски трошоци. Новиот предлог навидум е нашироко прифатен, но експертите велат дека се сомневаат оти ќе биде имплементиран.

- Advertisement -

Моментално во Јужна Кореја постојат три начини на сметање на возраста. Официјално, земјата го користи традиционалниот начин на пресметување, односно се почнува со сметање од денот на раѓање и тоа се користи во сите правни дефиниции и административн процеси од 1962 година.

Но, земјата има уште еден официјалн начин на пресметување на возраста, а тоа е дека бебињата се раѓаат со возраст 0 и секој 1 јануари им се додава по една година, без разлика во кој месец се родени. Според тоа, бебе родено во декември 2020 година официјално ќе има 2 години во јануари 2022 година, иако всушност е родено само 13 месеци претходно. Овој метод главно се користи во првните документи.

- Advertisement -

Третиот метод е т.н. корејски метод, кој се користи најчесто во општеството. Според тој метод, кога че се роди бебе автоматски има една година, а на Нова година станува една година постаро без оглед на датумот на раѓање.

Ако Јужна Кореја како официјален го прифати интернационално прифатениот начин на пресметување на возраста, тоа значи дека сите жители во земјата ќе бидат помлади за најмалку една година.

(BBC)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -