Инвестирање преку P2P.mk платформата – како да се зголеми вредноста на парите во време на инфлација

- Advertisement -

Интервју со Теодор Тодоровски – генерален менаџер на првата P2P /peer-to-peer/ платформа создадена во Македонија, иновативна компанија која примени паметно инвестирање и понуди одлични решенија во услови на инфлација 

Започнавте во оваа 2022 година. И веќе се наметнавте на пазарот со еден продукт кој светот одлично го познава, но кај нас е нов. Накратко за P2P.mk и за тоа како ве препозна вашиот таргет?

- Advertisement -

Ќе започнам едноставно-P2P им овозможува на инвеститорите да постигнат високи приноси за нивните пари.

Оваа peer-to-peer платформа основана тука во Македонија, во оваа 2022 од домашни визионери во финтек индустријата кои веруваат во принципите на споделената економија. Мисијата е едноставна, ресурсите треба ефикасно да се користат, за да се придонесе во благосостојбата на оние кои ги поседуваат, но и на оние на кои им се потребни, под меѓусебни фер услови. 

- Advertisement -

Штедните и банкарските депозити на компаниите и индивидуалците за нас се неефикасно искористен ресурс, бидејќи тие не носат нето приход на оние кои ги поседуваат. Ние во P2P веруваме дека заштедите не треба да останат без „да создаваат„ , туку да работат за инвеститорите, носејќи им високи приноси. 

И успеавме, во неполна година да го постигнеме тоа за нашите инвеститори, за што сведочи нивниот растечки број, а ова е само почеток. Ние продолжуваме да ја подобруваме нашата услуга континуирано и се надеваме дека ќе допреме до што повеќе корисници. Визионерски, ќе придонесеме за поефикасно искористување на финансиските средства инвестирани кај нас. 

- Advertisement -

Зошто да се вложи на P2P платформата?

Ова е ново време и светот на парите и вложувањата се развива многу поинаку. Ова е начин за „пасивните инвеститори„ кои немаат потреба од постојано управување со своите инвестиции, туку се подготвени да се препуштат на алгоритмите кои работат наместо нив, според однапред дефинирани критериуми. Имено, секој инвеститор на P2P сам си ја поставува својата инвестициона политика (минимален кредитен рејтинг на финанските побарувања, бараните дисконти/приноси, стапката на диверзификација на портфолиото, максималното доспевање, видот на продуктот во кој сака да инвестира), а P2P платформата константно го следи бонитетот на побарувањата со кои се тргува.  Ризикот за вложување во P2P платформата е целосно минимализиран, бидејќи секое барање се уситнува на помали делови-фракции и инвеститорот никогаш не е сопственик на целото побарување, туку соодветно на она колку што тој одредил како своја максимална дозволена изложеност на своето портфолио до секој посебен должник. 

Непласираните средства на инвеститорот се наоѓаат на сметка за посебна намена, а истиот може во било кое време да ги измени своите инвестициски преференции, да го стопира тргувањето и да побара исплата на неинвестираните средства или обратно да го зголеми своето портфолио со вложување на дополнителни средства.

Вреди да се напомене дека секој пласман во P2P е обезбеден со “Buyback guarantee”, тоа значи дека нудиме откупување на кредитите од инвеститорите доколку сопственикот на кредит не им платил рата до 60 дена.

Со оваа гаранција P2P ја прави доста сигурен и стабилен модел за инвестирање.

Кој се може да биде ваш клиент?

Една од добрите страни на оваа peer-to-peer платформа е тоа што може да се инвестираат мали суми. Профитабилноста варира, а за некои производи може да достигне и до 14%.  Ова е место и за големи и за мали влогови. Така што секој може да биде наш клиент. Долгорочната инвестиција е меѓу клучните фактори за успех. 

Живееме во време на инфлација. P2P доаѓа како одлична алтернатива за банкарските депозити. Зошто?

Листата која можам да ја направам за предностите да се инвестира во P2P во време на инфлација е долга. Но еве да упростам. Во време кога инфлацијата и тука и во некои земји од ЕУ е двоцифрена, не само што реалниот поврат на банкарските депозити е длабоко негативен, туку и традиционалните инвестиции како акции, обврзници и злато тешко можат да ја компензираат девалвацијата на парите.

Уште повеќе, заканата од рецесија всушност ги урива цените на акциите, а тоа се храни со приносите на меѓусебните и пензиските фондови. Имотите се една од опциите, но тие бараат посериозна капитална инвестиција, која не може секој да си ја дозволи.

Финтек решенијата кои молскавично брзо се развиваат, како што е P2P кој е резултат на идеја развиена на финансискиот систем со помош на технологијата, во последниве години е реална можност која обезбедува профитабилност која е сосем пристојна. Така, за нашите клиенти кои следат што прави светот и ни ја дадоа тука дома нивната доверба во оваа наша прва година, инфлацијата дефинитивно не е толку проблем за нивните заштеди, а не е ни за нивната иднина. Банкарските депозити и нивните кредитни стапки ќе ги натера многумина да си поставуват прашање за повеќе алтернативи.

Инвестицијата во p2p.mk е совршена алтеранатива. Споделување на финансиски ресурс од личност до личност, избегнувајќи ја банката како посредник, овозможува подобри каматни стапки за позајмувачите и подобри приноси за инвеститорите – во зависност од избраната стратегија за ризик и колку активно управувате со вашето портфолио.

Како функционира P2P?

Создадовме платформа преку која парите на инвеститорите се ставаат во нови заеми, а оние кои ги ставаат имаат директна врска и пристап до досието на заемопримачот – се разбира, без лични податоци. Профитабилноста што може да се постигне во овој случај е до 14% годишно.

На платформата секој може да избере во кој кредит ќе инвестира, каков е рејтингот на неговиот примател, дали има доцнење на ратите и колку останува до доспевање. Врз основа на овие податоци се утврдува и очекуваниот принос. Можете исто така да креирате портфолио на заеми во кои ќе инвестирате, како и да поставите автоматско инвестирање. ”Auto Invest” работи 24/7 и нема потреба инвеститорот постојано да биде пред компјутер или телефон за да ги следи достапните кредити кои се пласираат на p2p.mk.

Инвестициската платформа P2P е леснa и транспарентнa за управување.

Сподели!
- Advertisement -