Шпаркасе Банка продолжува со атрактивна, промотивна понуда за сите клиенти што се заинтересирани да штедат во денари и во евра и кои посакуваат да направат добар план за заштеда и во новата 2023 година.
Имено, Шпаркасе Банка креираше нови, уште попривлечни каматни стапки за Депозит Плус, орочен депозит со фиксни каматни стапки за целиот период на орочување, наменет за сите оние што посакуваат да штедат на подолг период.
Отсега, па сè до 31 март 2023 година, депонентите што ќе отворат Депозит Плус во денари на 13 месеци ќе добијат каматна стапка од 2,50%, на 24 месеци – каматна стапка од 3,00% и на 36 месеци – каматна стапка од 3,30%, која е фиксна за целото времетраење на орочениот депозит.Девизните депозити, пак, во евра може да се отворат на 12 месеци со каматна стапка од 1,50%, додека за депозити на 25 месеци новата каматна стапка изнесува 2,00%. Минималниот влог за орочени депозити изнесува 2.000 МКД, односно 100 ЕУР.
Исплатата на каматата се врши на доспевање или месечно, а реорочувањето е автоматско.
Дополнително, Шпаркасе Банка го продолжува промотивниот рок за аплицирање и на Депозит Прогрес до 31.3.2023, со кој се нудат атрактивни каматни стапки, штедење со растечка каматна стапка и можност за дополнителни уплати.
Штедењето е здрава навика, која ни овозможува долгорочна финансиска сигурност. Кога се одлучуваме да штедиме, најважни се два параметри: првиот е да избереме банка што е стабилна и сигурна, и вториот – да ја избереме најдобрата понуда.
Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и во Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 35 експозитури.