Рио Кафе е компанија основана во 1991 година, и денес е лидерски бенд во преработка и продажба на кафе во Северна Македонија. Комбинацијата на италијанска традиција и напредната технологија за производство на производи од кафе се добро познати на голем број домаќинства во земјата.
Растечките цени на енергија го натераа Рио Кафе да размислат за тоа како може да ја подобрат продуктивноста без зголемување на трошоците на енергија. Со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ), компанијата инвестираше во нова линија за преработка на кафе, што доведе до зголемена продуктивност и поголема енергетска ефикасност.
,,Решивме да ја замениме нашата стара линија за преработка на кафе, за да ја зголемиме нашата продуктивност и да ја намалиме потрошувачката на енергија’’, вели господин Кирил Андоновски, Главен и извршен директор, Рио Кафе.
ЕБОР и ЕУ, преку локалната партнерска банка НЛБ Банка, овозможи финансирање на Рио Кафе за набавка на новата линија за преработка на кафе. По реализација на инвестицијата, компанијата доби 15 отсто поврат на средствата финансирани од ЕУ грант.
Рио Кафе набави нова машина за пржење на кафе, силоси за складирање кои овозможија проширување на магацинот за мелено кафе, вертикална машина за пакување на кафе, детектор за метал и машина за налепници.
,,Новата опрема е енергетски поефикасна и го минимализира отпадот’’, додава господин Андоновски. ,,Имаме зголемена продуктивност, новата опрема ни овозможува натамошен развој на производите, кои може да се пласираат на некои нови пазари’’.
Инвестицијата е финансирана преку ЕБОР и ЕУ, поддржана од Програмата за поддршка на конкурентноста на МСП, која обезбедува кредити и поддршка со грантови финансирани од ЕУ, доделени на МСП за инвестиции кои можат да им помогнат да бидат поконкурентни на локалните и странските пазари. Инвестициите во мерки на заштеда на енергија се приоритетни инвестиции за МС.
,,Има голем број на бенефиции од инвестирање во мерки за заштеда на енергијата за бизнисите’’, објаснува Анди Аранитаси, Претставник за Северна Македонија, ЕБОР. ,,Не само што заштедува трошоци и емисии на јаглероден диоксид, туку може да ги направи поконкурентни за ЕУ пазарите, особено во однос на најавените механизми за гранично прилагодување на јаглеродот. Ова ќе биде моќна поддршка за економиите на Западен Балкан и за компаниите, за декарбонизација, бидејќи ЕУ е многу подоминантен трговски партнер во регионот, поради што ќе продолжиме да ги поддржуваме локалните бизниси во инвестициите кои ја подобруваат енергетската ефикасност”.
,,Енергетската ефикасност е еден од најлесните и најефикасните начини за борба со климатските промени, намалување на енергетските трошоци на потрошувачите и за подобрување на конкурентноста на компаниите,” изјави Дејвид Гир, ЕУ Амбасадорот за Северна Македонија. ,,МСП претставуваат значаен дел од македонската економија и нивниот отпечаток на јаглероден диоксид има голем удел во нивоата на загадување. Со вакви програми, и со грант поддршката, ЕУ им помага на МСП да имаат пристап во нивното користење на енергија, да ја зголемат нивната енергетска ефикасност и да идентификуваат соодветни измени во зголемување на одржливоста. Компании кои ќе изберат да користат обновлива енергија, креираат обновливи производи и даваат позитивен пример за јавноста во однос на идеалната економија со низок степен на јаглероден диоксид, кон која сите се стремиме.’’
ЕБОР е една од водечките институции, инвеститори во Северна Македонија. До денес има инвестирано скоро 2,5 милијарди евра во проекти од различни сектори на економијата.