Инженерскиот тим од Универзитетот Нов Јужен Велс од Австралија со својот електричен автомобил на погон на соларна енергија Sunswift 7 успеа да помине патека од 1.000 км за помалку од 12 часа.
Sunswift 7 е најновиот соларен автомобил на универзитетот. Тежи само 500 кг, нема клима уред, ABS кочење, воздушни перничиња, бришачи на шофершајбна затоа што е фокусиран на енергетски ефикасно возење и соборување на Гинисовиот рекорд за брзина на соларен автомобил на растојание од 1.000.
Возилото го завршило патувањето од 1.000 км за 11 часа, 53 минути и 32 секунди, со просечна брзина од речиси 85 км/ч. Со ова неофицијално Sunswift 7 се позиционира како најбрзо електрично возило на 1.000 км со едно полнење, иако тимот чека официјална потврда за времето и телеметриските податоци на автомобилот за да го добијат својот Гинисов сертификат за светски рекорд.
При соборувањето на рекордот потрошувачката била само 3,8 киловат-часови на 100 км, додека дури и најефикасните електрични возила денес имаат само 15 киловљт-часови на 100 км, а просекот е околу 20 киловат-часови. Професорот Ричард Хопкинс, кој е лидер на тимот, вели дека Sunswift 7 не е сериски автомобил за во иднина затоа што направиле компромис со удобноста, а цената би била превисока.
(Vidi.hr)
(фото: )