Порталб анализа: Се намалува бројот на невработени, ама се намалува и бројот на активно население

- Advertisement -


Само за три месеци бројот на работоспособното население во земјава е намален за 1.300 лица, а на активното население за повеќе од 2.000. Овие параметри се основа за пресметување на вработеноста и невработеноста, пишува Порталб.мк. Бројките на Агенцијата за вработување пак покажаа дека во октомври за прв пат годинава има пораст на бројот на невработени.

За првпат годинава, во октомври на месечно ниво е регистран пораст на бројот на невработени. Во деветтиот месец од годинава вкупниот број на невработени изнесувал 113.893, што е за 13.860 помалку во однос на јануари, но за 1.429 повеќе во однос на септември.

- Advertisement -

Според податоците од Агенцијата за вработување, од почетокот на годинава бројот на невработени постојано се намалувал, а во октомври е регистран тренд на пораст. Дополнително, како “други лица кои бараат работа“ се регистрарни уште 46.673 невработени.

Според етничката припадност, 44,2% се Македонци, скоро 36% Албанци, на трето место според бројот на невработени се Ромите, а за невработени се пријавени и 46 Власи и двајца Бошњаци.

- Advertisement -

Повеќе од половината невработени се без образование или само со основно образование, а голем е бројот на оние со завршено средно образование кои се без работа.

На крајот од октомври, во Агенцијата за вработување се пријавени 14.942 невработени лица кои останале без работа во периодот на Ковид кризата.

- Advertisement -

Заводот за статистика измери дека невработеноста во земјава се намалува – на крајот од третиот квартал биле евидентирани 115.266 невработени или стапката на невработеност изнесува 14,3%, пониска за 0,2 процентни поени во однос на вториот квартал. Но, се намалува и бројот на работната сила и на активното население – кои се основа за пресметка на вработеноста и невработеноста. Така, во земјава во третиот квартал бројот на работоспособно население се намалил за 1.300 во однос на вториот квартал, а бројот на активно население во истиот анализиран период е намален за 2.135.

И натаму најголем дел од невработените се на возраст од 20 до 49 години, категорија на граѓани кои се во најпродуктивниот и најработоспособен период од животот и оваа група опфаќа 70.934 невработени лица, што преставува 61,5% од вкупниот број на невработени, а на второ место се невработени на возраст од 50 до 64 години или 21,5% од невработените.

На крајот од третиот квартал во државава биле регистрирани 693.062, а од нив 520.886 во приватен и 172.176 во државни фирми или фирми со мешовитa сопственост – што би значело дека на тројца вработени во приватниот сектор има еден вработен во државен (мешовит) сектор.

Во приватниот сектор најголем број на вработени апсорбираат преработувачката индустрија, над 135.000 лица, во трговијата се вработени скоро 108.000 луѓе, а во земјоделството 66.300. Од државниот сектор и во фирми со мешовита (државно-приватна) сопственост скоро 48.700 се вработени во јавна управа, одбрана и социјално осигурување, 42.745 се вработени во образование, а 11.800 лица се вработени во секторот водовод и комуналии.

(Meta.mk)

(фото: Pix4free)

Сподели!
- Advertisement -