Успешно тестиран првиот пропелер во светот со 11 сечила

- Advertisement -

Првиот пропелер во светот со 11 сечила успешно го помина првиот тест. Ова е првиот таков пропелер на компанијата која претходно правела пропелери со 5, 7 и 9 сечила.

Припелерот кај авионите ја претвора ротационата енергија од моторот во подвижна сила или погон. Погонот што го создава пропелерот е пропроционален со површината на сечилата, додека бројот на ножеви го определува пулсирањето на погонот кој моторот го произведува со секоја револуција на пропелерот.

- Advertisement -

Пропелерот го направи компанијата MT-Propeller, основана во 1981 година, која поседува 27 сертифицирани дизајни на пропелери кои може да се комбинираат со над 220 аеродинамични дизајни на сечила. Компанијата тврди дека ги снабдува пропелери 90% од авионите произведени во Европа.

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -