Илон Маск постави еден неверојатно негативен рекорд

- Advertisement -

Откако еден период компаниите и поединците соборуваа позитивни рекорди во однос на вредноста на компаниите и личното богатство, во последно време повторно се соборуваат рекорди, но овојпат негативни. Еден таов рекорд постави Amazon кога стана првата јавно котирана компанија во светот која изгуби неверојатни трилион долари пазарна вредност.

Сопственик на таков негативен рекорд сега е Илон Маск. Имено, иако не треба да се плаши за неговите финансии и иднината, сепак, Маск стана првиот човек во светот кој изгубил 200 милијарди долари.

- Advertisement -

Интересно е тоа што уште на средината на минатата година медиумите прогнозираа дека Маск, кој е извршен директор на Teslа и сегашен сопственик на Twitter, може да стане првиот трилионер во светот и тоа би требало да се случи во 2024 година. Но, за да се оствари такво нешто треба да продолжи да расте вредноста на неговите компании, а сигурно не му помогна ни тоа што плати 44 милијарди долари за Twitter.

Пред околу една година богатството на Маск изнесуваше околу 340 милијарди долари, кога и покрај пандемијата, бизнисот му цветаше. Тогаш почна падот, кој добполнително го забрзаа војната во Украина и енергетската криза.

- Advertisement -

Резултатите од сето тоа сега ги чувствува цел свет во форма на голема инфлација и како што предвидуваат аналитичарите, следува рецесија. Маск тој пад го почувствува на своето богатство, кое според последните податоци на Bloomberg, сега изнесува 137 милијарди долари. Најголем дел од богатството го изгуби преку акциите на Teslа.

(Huffington Post)

- Advertisement -

(фото: Erp Today)

Сподели!
- Advertisement -