ВИДЕО: Ова е првиот електричен автомобил кој не мора да се полни

- Advertisement -

Новиот електричен автомобил засекогаш ќе го смени пазарот за еколошки возила. Не само што е исклучително иновативен автомобил, туку е соларен електричен суперавтомобил кој можеби никогаш нема да мора да го полните затоа што Aptera на кровот има соларни панели кои овозможуваат досег од дури 1.600 км.

Тоа е фантастично за сите кои се грижат за карбонскиот отпечаток што го оставаат зад себе. Еколошки свесните возачи се особено загрижени за животната средина сега ќе можат да возат со саати без да се плашат дека ќе испуштат отровни гасови.

- Advertisement -

Автомобилот има три тркала и личи на нешто излезено од иднината. Соларните панели кои се наоѓаат на кровот на автомобилот можат да обезбедат до околу 18.000 км возење годишно или околу 60 км на ден.

Освен моделот со досег од 1.600 км, има и модели со досег од 400 км, 640 км и 960 км. Aptera забрзува од 0 до 100 км/ч за 3’5 секунди и може да достигне максимална брзина од 176 км/ч.

- Advertisement -

(Startup Selfie)

(фото: Aptera)

Сподели!
- Advertisement -