Ова се најпријателските земји во Европа

- Advertisement -

Факт е дека еден од најосновните предуслови за убаво поминат одмор се луѓето кои ќе ги запознаеме таму. Пријателски настроеното население кое ви посакува добредојде и ви помага да се заљубите во нивниот роден крај може просечниот одмор да ви го претвори во неповторливо доживување. Подолу можете да прочитате кои се најпријателските земји во Европа според Readers’ Choice Awards 2023.

10. Хрватска, оценка 91.78
Благодарение на ксмополитските градови и над 1.000 преубави острови, Хрватска се уште е омилена дестинација на многумина. Луѓето одат таму поради прекрасните плажи, езерата, старите градови, рестоарните со Мишелин ѕвезди, подвнодните винарници, бурниот ноќен живот и прекрасната атмосфера.

- Advertisement -

9. Малта, оценка 91.92
Малта е доволно мала за да се истражи целата и доволно пространа за да се изгубите во неа. Океанот е на само 20 минути и се чини дека се ви е блиску и на дофат. Многу работи се кријат во овој шармантен архипелаг – од стари храмови, несекојдневни карпи и сокриени заливи до историски улици, традиционални продавнции и жива креативна сцена.

8. Данска, оценка 91.93
Поранешниот центар на империјата на Викинзите сега се смета за посредник меѓу културните и географските разлики меѓу Северна Европа и Скандинавија. Тие што ќе ја посетат земјатаможе да истражуваат стари урнатини, модерни градови, шаренолики градови крај море, концерти итн.

- Advertisement -

7. Португалија, оценка 92.32
Локацијата на Португалија крај Атлантскиот Океан ја прави оваа земја задолжителна дестинација за сите кои обожаваат морски свет и латинска култура. Долгите златни плажи, селцата помешу оризови полиња и дини, архитектурата од 16. до 19. век се само некои од работите кои може да ги понуди Португалија.

6.Норвешка, оценка 92.50
Земјата која е дом на некои од најубавите места во светот е тивок нордиски бисер сокриен меѓу природни чуда и живописни морски градови. Било да сакте да ја видите поларната светлина, да планинарите по Прајкестолен или да тргнете на авантура по сензационалниот пат на Атлантскиот Океан, Норвежаните со городст ќе ви откријат се што крие нивната земја.

- Advertisement -

5. Исланд, оценка 92.91
Исланд е уникатно место кое го нема никаде на друго место на Земјата обвиено во мистерија, планини од лава, неверојатни планински пејзажи и магични црни плажи. Но, драматичната природа и чистиот воздух се само една од причините зошот оваа земја е посетувана од толку многу луѓе. Додека пловите и трагате по китови, додека пливате во природните базени или јадете свежа морска храна, секаде го чувствувате гостопримството на локалното население.

4. Шкотска, оценка 93.97
Мочуриштата, планините обвиткани во магла, епските амоци, свежата морска храна, плажите. вискито, атмосферските острови и генерално пријатното располоѓение на луѓето се она што ги привлекува туристите во Шкотска.

3. Романија, оценка 94.00
Романија е земја исполнета со чудесни готски цркви, седновековни замоци и живописни градови, опкружени со драматична природа, како што се Карпатите и Црното Море. Но, иако е место богато со фолклор и неизбежно се поврзува со името Дракула и Трансилванија, Романците се едни од најпријателските луѓе во Европа.

2. Словенија, оценка 94.18
Лоцирана меѓу Австрија, Италија и Хрватска, Словенија е толку мала што можете да ја прескокнете, за што набрзо би се покајале. Убава на лик, со замоци како од приказните на Дизни, чисти езера, барокна архитектура, драматични пештери и богата природа, но сепак, она што најмногу ќе ви остави впечаток е нацијата која се труди да живее „зелено“ и одржливо и да ги прими со топлина сите што ќе дојдат да ја посетат.

1. Ирска, оценка 94.50
Безбројни глобални извештаи постојано ја наведуваат Ирска како една од најпријателските и најгостопримливи земји во светот, а изгледа дека и посетителите на оваа земја го мислат истото , па ја изгласаа за најпријателска земја во Европа. Се разбира дека посетата на пиварниците и живата атмосфера во Даблин се задолжителни, но има уште многу работи да се откријат во оваа богата земја.

(CN Traveller)

Сподели!
- Advertisement -