Јануари со рекордно високи температури во повеќето европски земји

- Advertisement -

Јануарските температури достигна највисоко ниво во голем број од земјите низ Европа.

Во главниот град на Полска, Варшава температурата во неделата беше измерена на 18,9 степени целзиусови, додека во Билбао, Шпанија таа беше 25,1 степени целзиусови, што е за 10 повеќе од вообичаената.

- Advertisement -

На европската страна од Атлантикот, новата година започна со топло време на многу места. Температурите во Холандија, Лихтенштајн, Литванија, Латвија, Чешка, Полска, Данска и Белорусија ги соборија националните рекорди за временските температури во јануари.

Температурата во Варшава е за 4 степени повисока од претходниот јануарски рекорд, додека во Белорусија измерените 16,4 степени целзиусови се за 4,5 степени повисоки од претходниот рекорд на месецот.

- Advertisement -

Во Билбао на 31 декември просечната температура достигнала 25,1 степен што е еквивалент на просечната тамошна температура во јули.

Како што информира „Би-Би-Си“, необично е што рекордите се уриваат за многу повеќе од неколку десетинки од еден степен целзиус.

- Advertisement -

Во Швајцарија температурите достигнаа до 20 степени целзиусови што резултираше со намалување на количината на снег на Алпите. Неколку дена претходно, Франција, Ирска, Обединетото кралство и Шпанија, 2022 ја прогласија за најтопла година досега.

Додека голем дел од Европа ја живее досега најтоплата зима, Северна Америка се соочува со сериозни бури што доаѓаат само неколку дена по смртоносниот зимски студ во кој загинаа повеќе од 60 луѓе. За сега се прогнозираат силен снег и замрзнат дожд во северниот дел на средниот запад, а силни грмотевици и торнада ги очекуваат Тексас, Оклахома, Арканзас и Луизијана.

Студени денови во Европа се предвидува да има во Скандинавија и Москва, каде викендов температурата се очекува да падне на -20 степени целзиусови.

Топлотните бранови што ги погодија европските држави се резултат на климатските промени предизвикани од човекот. Сепак, растот на зимските температури не може да влијае како летните горештини што всушност може да предизвика прекумерни смртни случаи.

Светот веќе се загреа за 1,1 степен целзиусов од почетокот на индустриската ера и температурата ќе продолжи да расте доколку владите ширум светот не придонесат за намалување на емисиите штетни гасови.

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -