Почнува Светскиот економски форум во Давос

- Advertisement -


Светскиот економски форум(WEF) во Давос, 53-ти по ред, ќе се одржи од понеделник до 20 јануари, а на состанокот ќе се соберат рекорден број бизнисмени, претставници на најголемите светски компании, државни лидери и познати личности.

Форумот во познатиот швајцарски зимски центар последен пат се одржа во своето традиционално време, во јануари 2020 година, бидејќи во 2021 година беше организиран виртуелно, а минатата година настанот беше одложен за мај поради корона вирусот.

- Advertisement -

Според официјалната агенда на WEF, ќе учествуваат 52 шефови на држави, 56 министри за финансии, 19 гувернери на централни банки, 30 министри за трговија и 35 министри за надворешни работи, претставници на Обединетите нации, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската трговска организација (СТО) и други меѓународните организации.

Руските претставници, според претходните најави, нема да учествуваат, а се очекува да присуствува и кинеската делегација.

- Advertisement -

Според организаторите, главни теми ќе бидат како да се решат светските економски и еколошки предизвици, војната во Украина и многу други актуелни прашања.

„Сите западнавме во некаква криза“, изјави претходно директорот на WEF Клаус Шваб на конференцијата посветена на украинската војна, климатските промени и наизменичните проблеми во снабдувањето со енергија и храна.

- Advertisement -

Давос треба да помогне да се промени размислувањето по пандемијата, рече Шваб, кој го основаше WEF во 1971 година.

Денешниот свет е во критична пресвртница. Пандемијата СОВИД-19 и војната во Украина го потресоа и онака кревкиот глобален систем. Економскиот раст во најголемите светски економии е во застој, а цените на храната и енергијата продолжуваат да растат, објавија организаторите на овогодинешниот WEF.

Тие истакнуваат дека за прв пат од 1970-тите, светот се соочува со несигурна нерамнотежа на раст и инфлација, кои се движат во спротивни насоки.

(Denar.mk)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -