Американска компанија тврди дека направиле вакцина за корона вирусот

- Advertisement -

Фармацевтската компанија Moderna од Кембриџ во американската сојузна држава Масачусетс ја разви првата експериментална вакцина против корона вирусот. Веста ја објави Wall Street Journal, а ја пренесоа и водечките италијански медиуми.

Од минатиот викенд Италија стана европско жариште на корона вирусот. Moderna, чии акции се листани на њујоршката берза Nasdaq, веста ја објави во текот на ноќта, додека не е активна берзата.

- Advertisement -

Од компанијата истакнуваа дека нивната вакцина е развиена во лабораторијата Норвуд, 40 км јужно од Бостон, и со помош на американскиот Национален институт за алергии и заразни болести, како и Истражувачкиот центар за вакцини. Вакцината, како што велат, е подготвена за тестирање на луѓе.

Moderna испратиле епрувети со вакцината до Институтот, а тој треба да почне со клинички тестирања на крајот на април на 20 до 25 здрави доброволци. Во текот на тие тестирања ќе се провери дали две дози од вакцината се безбедни и дали има некаква реакција кај имунолошкиот систем кој пациентите би ги заштитил од корона вирусот.

- Advertisement -

Првите резултати од тестирањата ќе бидат достапни во текот на летото, од мај до август, а вакцината можно е да се појави на пазарот во 2021 година.

Сподели!
- Advertisement -