Почеток на вториот циклус на програмата „Суперучилишта“

- Advertisement -

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) денеска ќе го отвори официјално почетокот на вториот циклус на „Суперучилишта” – програма за училишна размена во регионот со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и интеркултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници.

– Програмата е дел од мултидонаторскиот проект „Програма за размена на училишта во Западен Балкан” кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), соопшти организаторот на нстанот.

- Advertisement -

Најавени се поздравни обраќања на министерот за образование и наука Јетон Шаќири, шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава Дејвид Гир, заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски и раководителот на локалната канцеларија во Северна Македонија, Владимир Ѓорѓевски.

Присутни гости ќе бидат професорите и наставниците од училиштата кои се грантирани во овој циклус.

Сподели!
- Advertisement -