Создаден уред кој преку урината детектира тумор на мозокот

- Advertisement -

Докторите често откриваат тумори на мозокот откако ќе се појават невролошки симптоми, како што е губење на говорот или на способноста за движење, што значи дека дотогаш туморот веќе значително пораснал. Откривањето на туморите додека се мали и во што поран стадиум од растот ќе помогне во спасувањето животи.

Научници од Универзитетот Нагоја во Јапонија употребија нов уред за идентификација на клучниот мембрански протеин во урината кој покажува дали пациентот има тумор на мозокот. Нивниот протеин би можел да се користи за откривање на рак на мозокот и да се избеге потребата за инвазивни тестови. Со тоа ќе се зголеми и веројатноста туморите да се откријат доволно рано за да може да се оперираат.

- Advertisement -

Истражувањето на јапонските научници исто така може да има потенцијални импликации за откривање други видови рак, а е објавено во списанието ACS Nano.

Иако раното откривање на многу видови рак придонесе за неодамнешното зголемување на стапката на преживеани од рак, стапката на преживеани од тумор на мозокот останува иста во последните 20 години. Делумно причина за тоа е нивното доцно откривање.

- Advertisement -

Еден од можните знаци дека некој има тумор на мозокот е присуството на вонклеточни везикули поврзани со туморот во урината на пациентите. тие везикули се со нанодимензии и се вклучени во разни функции, меѓу кои и меѓуклеточната комуникација. Иако се излачуваат далеку од мозокот, многу везикули постојат стабилно и се излачуваат во урината без разложување. Затоа, теситрањето на урината има многу предности, објаснува професорот Такао Јасуи од Факултетот за инженеринг при Универзитетот Нагоја.

Научниот тим предводен од Јасуи и професорот Јошинобу Баба од Факултетот за инженеринг при Универзитетот Нагоја во соработка со Институтот за иновации за општество од иднината при Универзитетот Нагоја и Универзитетот на Токио развија нова платформа за анализа на везикулите на туморот на мозокот користејчи наножици на дното на таа платформа. Користејќи го својот уред тие идентификувале две специфични врсти на везиукули, познати како CD31/CD63, од примероци на урина од пациенти со тумор на мозокот.

- Advertisement -

(EurekAlert)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -