Британски истражувачи претворија пластика во вкус на ванила

- Advertisement -


Научниците успеаја да претвора пластични шишиња во вкус на ванила со помош на генетски инженеринг на бактерии. Според истражувањето објавено во весникот Green Chemistry, генетски модифицирана бактерија ешерихија коли успеала да ја претвори терефталичната киселина од пластичниот отпад во ванилин.

Џоана Садлер, коавтор на студијата, вели дека ова е прв пример за користење биолошки систем за претворање на пластичниот отпад во вредна индустриска хемикалија и ова ќе има многу големи импликации за циркуларната економија.

- Advertisement -

Терефталичната киселина е основна компонента која се добива која пластичните шишиња се разложуваат со помош на ензими. Минатата година научници создадоа мутантски ензими кои можат да ги разложат пластичните шишиња до нивните основни состојки. Резултатот од тој процес е претворање на пластичните шишиња во терефталична киселина.

Во најновиот пример научниците загревале микробиотска каша на 37°C во текот на еден ден и како резултат на тоа 79% терефталичната киселина била претворена во ванилин. Ванилинот е производ кој природно се екстрахира од зрната ванила. Тој се користи во козметиката и во прехранбената индустрија и е битна суровина за фармацевтските компании и за приизводство на хербициди.

- Advertisement -

Иако ванилинот може природно да се добие од зрната ванила, побарувачката за ванилин е се поголема и врз основа на податоци од 2018 година, обарувачката за ванилин била 37.000 метрички тони, а поради дефицит, 85% од производот се синтетизира од хемикалии кои се добиваат од фосилните горива. Ако може да се комерцијализира, новото откритие е многу подобар начин за подобро снабдување со ванилин.

Нашата работа ја оспорува перцепцијата дека пластиката е проблематичен отпад и наместо тоа, докажавме дека може да се користи како нов карбонски ресурс од кој може да се добијат вредни производи“ вели Стивен Волас, автор на студијата од Универзитетот Единбург.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -