Икеа продолжува со инвестирање во Хрватска. За првпат шведскиот познат производител и трговец со мебел влезе на хрватскиот пазар пред 8 и пол години а четири години подоцна, во 2018 продолжи со инвестиции во бизнис зоната Ругвица каде што никна најголемиот аутлет комплекс во Хрватска, Designer Outlet Croatia. На оваа локација која Икеа ја купи уште пред 15 години започнува со проширување на комплексот со доградба на аутлет центарот и изградба на Retail со посебен угостителски објект.
Вредноста на инвестицијата и плановуте за новите објекти се уште се строго чувана тајна.
Designer Outlet Croatia се простира на површина од околу 19 илјади квадратни метри, а неговото проширување предвидува изградба на нови објектии на површина од околу 9.000 квадратни метри.