Научници од Виена создадоа апарат за кислород кој ќе им го олесни дишењето на болните од корона вирусот

- Advertisement -

Научници од Виена создадоа апарат кој на луѓето заразени од корона вирусот може да им го олесни дишењето. Ограничениот број на респиратори е еден од најголемите предизвици во оваа пандемија на корона вирусот. Истражувачи од Техничкиот универзитет во Виена за таа цел развија уред за кислород кој може да се изработи за само неколку дена.

На болните новиот изум може значително да им го олесни дишењето и тоа без боци со кислород, туку само со кислородот од воздухот. Воздухот кој стигнува преку компресор се збогатува со кислород со помош на специјални мембрани. Таквиот воздух збогатен со кислород може да им го олесни дишењето на пациенти со поголеми белодробни проблеми.

- Advertisement -

Доколку терапијата се започне уште во раниот стадиум на болничкото лекување, можно е да се одложи или целосно да се избегне интубацијата или давањето воздух на конвенционални начини. Новата метода би можела да помогне при заштедата на значајни ресурси посебно во моментите кога болниците из дравствените установи се преплавени со луѓе.

Во зависност од капацитетот на компресорот и на раздвојните мембрани, еден уред би можел да го користат повеќе луѓе истовремено. Во моментот кога белите дробови нема да можат да го снабдуваат организмот со доволно кислород неопходно е да се воведе вештачка поддршка. Во екстремни случаи се користи интубација со респиратор. Во многу случаи е доволно да се поддржи функцијата на белите дробови ако се обезбеди доволно притисок на воздух со голема содржина на кислород. И токму тоа може да се постигне со релативно едноставен концепт.

- Advertisement -

Најголем дел од компонентите од нашиот апарат можете да ги најдете во обична продавница за алатки, велат од Техничкиот универзитет во Виена. Потребен е бесмаслен компресор, филтер за воздух, цевка и сад за навлажнување на воздухот и еден модул со специјална мембрана за за зголемување на уделот на кислород. Таа мембрана е единствениот дел кој не е вообичаен, но може да се набави и го има во доволни количини.

Сподели!
- Advertisement -