Саудиска Арабија ја испраќа првата астронаутка на Меѓународната вселенска станица

- Advertisement -

Властите на Саудиска Арабија соопштија дека ќе ја испратат својата прва адтронаутка на Меѓународната вселенска станица во текот на вториот квартал од годинава. Во соопштението на Саудиската вселенска комисија се наведува дека Рајана Барнави и Аи Алкуарни ќе се приклучат на екипажот на вселенската мисија AX-2 со цел зајакнување на националната способност во човечките вселенски летови насочени на опслужување на човештвото.

Саудиската програма за човечки вселенски летови вклучува обука на уште двајца астронаути – Маријам Фардус и Алија Ал Гамди.

- Advertisement -

Заливските земји се повеќе пројавуваат интерес за истражување на вселената.Во декември минатата година емиратскиот вселенски истражувач Рашид Ровер тргна кон Месечината со јапонското вселенско летало на петмесечна мисија.

Во септември, пак, Саудиската вселенска комисија стартуваше програма за астронаути со цел оспособување на саудиските кадри за долгорочни и краткорочни вселенски летови и учество во научните експедиции и идните мисии.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -