Ново истражување покажа дека парите навистина можат да ја купат среќата

- Advertisement -

Изгледа дека парите навистина носат среќа, покажа нова студија која ја истражува врската меѓу финансиите и среќата и алтруизмот. Истражувањето спроведено меѓу германски студенти покажало дека донирањето пари во хуманитарни цели на почеток предизвикува чувство на задоволство и среќа, но тоа не трае долго. После еден месец учесниците во испитувањето кои донирале пари на луѓе на кои им биле потребни и самите станале понесреќни од тие што одлучиле да ги задржат парите за себе.

Резултатите на истражувањето не се совпаѓаат со некои претходни сознанија според кои ставањето на доброто на другите пред себе без никакви очекувања сепак предизвикува чувство на среќа. На пример, се покажало дека волонтирањето го ублажува стресот, корисно е за луѓе кои патат од депресија и генерално, го продолжува животот.

- Advertisement -

Студијата објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences на германските студенти им понудила два избори. Првата група студенти добиле по 100 евра и можеле да избираат како ќе ги потрошат. Втората група студенти не добиле пари, но можеле да изберат пакет од 350 евра кој ќе го донираат на личност болна од туберколоза.

Во контролирани услови, речиси 60% од студентите избрале да помогнат некому кому му е неопходна помош, а во одговорите на анкетите покажале дека се задоволни и среќни со својот избор. Но, таа среќа не траела долго. После еден месец научниците ги контактирале тие луѓе по имејл и се покажало дека нивото на среќа не е како на почетокот. Посреќни биле луѓето кои одлучиле да земат 100 евра за себе и да ги потрошат како сакаат.

- Advertisement -

Изгледа дека луѓето ги одушевува чувството да можат да помогнат некокому, но на долг рок сепак повеќе ги усреќува фактот дека можат да си помогнат самите себе.

Сподели!
- Advertisement -