Меѓународната експертска комисија на конкурсот International Medis Awards for Medical Research, која ги наградува најголемите истражувачки достигнувања на лекарите и фармацевтите од државите на централна и источна Европа, избра 18 финалисти, а меѓу нив се и тројца истражувачи од Србија.
Комисијата прегледала 185 научно-истражувачки трудови од 9 земји, а доделувањето на наградите е на 9 март во Љубљана. Финалистите од Србија се истражувачите: од областа на неврологијата Иво Божовиќ, од офталмологијата Сања Петровиќ Пајиќ и од фармацијата Анета Периќ.
За учество на деветтите International Medis Awards можеа да се пријават лекари и фармацевти чии истражувачки трудови се објавени во угледни научни публикации. На годинашниот конкурс се пријавиле 238 истражувачи од Австрија, БиХ, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и од Србија. Од нив 185 пријави ги исполниле условите на конкурсот.
International Medis Awards for Medical Research опфаќа награди за врвни истражувачки достигнувања во девет држави од централна и југоисточна Европа на девет медицински полиња, а наградите се признанија за лекарите и фармацевтите кои покрај редовната работа, се занимаваат и со истражувања.
Конкурсот во 2014 година го основала словенечката фарамцевтска компанија Medis.
(N1)
(фото: International Medis Awards for Medical Research)