Втора стартап конференција „Pitch. Match. Grow. Vol.2“ на 15 и 16 март во Скопје

- Advertisement -

PwC Северна Македонија по втор пат организира стартап конференција Pitch.Match.Grow. vol 2 што ќе се одржи на 15 и 16 март, во хотел Мериот во Скопје.

Учесниците ќе можат да добијат корисни информации од прва рака и #StraightToThePoint насоки за:

- Advertisement -
  • одржување на конкурентна предност на нивниот бизнис;
  • можности за задржување на талентот во компанијата преку доделување на опции на удели или акции за своите вработени како и други стратегии за унапредување на перформансот на вработените;
  • да ги унапредат познавањата за даночните регулативи,
  • да научат повеќе за основите на блокчејн и криптовалути, преку интерактивна работилница во која ќе дизајнираат свое NFT и ќе создадат свој дигитален паричник;
  • да се запознаат со можностите за финансирање на својот бизнис.

Со цел да им помогнеме на стартапите и претприемачите да го претстават нивниот  производ/услуга и да ја презентираат нивната идеја, PwC ќе организира состаноци 1-на-1 со македонски корпорации кои пријавените стартапи ги идентификувале како потенцијални клиенти и/или партнери, но имаат потешкотии да закажат состанок или да стапат во контакт со нив.

На конференцијата учесниците ќе имаат можност да ги слушнат искуствата на стартапите 3Lateral / Epic Games, airt.ai, Pixyle.ai, Synapse, Fitkit, Howizer, Native Teams, Kumo.ai кои ќе зборуваат за нивниот пат до финансирање и потешкотиите со кои се имаат соочено за развој на нивниот бизнис. Дополнително, сесија ќе имаат и NVIDIA на која ќе презентираат можности кои ги нуди нивниот сектор за вештачка интелегенција (NVIDIA Metropolis) за сите стартапи од цел свет кои работат во областа на вештачка интелегенција.

- Advertisement -

Покрај овие обраќања од страна на компаниите, ќе има и панели и сесии на кои ќе учествуваат фирми за ризичен капитал (VCs), бизнис ангели и акселератори и ќе бидат презентирани уникатни и интересни можности кои за прв пат ќе се на располагање на бизнис заедницата во државата. 

Пријавувањето може да го направите на следниот линк: Пријава за учество
Краен рок на аплицирање:  08.03.2023 година

- Advertisement -

За агендата на конференцијата и повеќе детали за истата може да добиете на следниов линк: Агенда за конференцијата

Сподели!
- Advertisement -