ВИДЕО: Јапонски астроном сними удар на метеорит во Месечината

- Advertisement -

Јапонски астроном успеа да сними ударен блесок кој настанал при срушување на метеорит на Месечината. Овој настан бил видлив на темната страна од Месечината. Моментот на ударот го нсимил Даичи Фуџи, кустос во Музејот на градот Хирацуке, а тоа успеал да го направи со камери поставени за следење на Месечината.

Снимката настанала на 23 февруари, а изгледа дека метеоритот удрил во кратерот Иделер Л. Метеорите патуваат со брзина од околу 48.280 км/ч, односно 13,4 км/с, поради што нивните удари создаваат интензивна топлина и кратери, а истовремено се забележува и блесок. Ударите во Месечината може да се видат од Земјата, за што е доказ и оваа снимка, но ако се доволно големи и ако се случуваат во делот на лунарната ноќ, кој е свртен кон Земјата.

- Advertisement -

Новиот кратер би можел да има пречник од 10 метри, а може и да го снимил и орбитерот Lunar Reconnaissance Orbiter на НАСА или индиската лунарна сонда Chandrayaan 2.

Иако метеорите се судираат со Земјата секојдневно, најголем дел од нив целосно согоруваат во контакт со нашата амтосфера. Но, Месечината има многу тенка егзосфера, што значи дека метеорите кои инаку не би стигнале до земјината површина обично паѓаат на површината на Месечината, па затоа таа е прекриена со кратери.

- Advertisement -

Ваквите снимки им помагаат на научниците да откријат што се влијае на површината на Месечината. Тоа е од исклучителна важност затоа што САД и други земји се подготвуваат да испратат астронаути на лунарната површина и да постават трајни населби.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -